Пред неколку години беше најавено дека Дарт Вејдер ќе ја има главната улога во серијал кој целосно ќе се случува во виртуелна реалност, а денеска првиот тизер за „Vader Immortal“ веќе се појави на интернет.
„Vader Immortal“ е серијал од три епизоди специјално наменет за Oculus Quest – новиот сет за виртуелна реалност на Facebook. Уште не знаеме за каква мисија се работи и каква ќе биде вашата интеракција со Дарт Вејдер во оваа игра, а тоа веројатно ќе го дознаеме наредниот месец кога би требало да излезе целосниот трејлер.
Сценариото за секоја од трите епизоди го напиша Дејвид С. Гојер, кој е познат по работата на филмови како „Dark Knight“, „Man of Steel“ и „Dark City“.
Сетот Oculus Quest чини 400 долари и од Facebook е најавен како „следниот чекор во револуцијата на виртуелна реалност“. Првата епизода од овој серијал ќе се појави на Oculus Quest некаде во почетокот на 2019 година.
Текстот „Vader Immortal“ ве носи во виртуелната реалност заедно со Дарт Вејдер (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.