Дваесет и петгодишниот Нинослав Младеновиќ од Србија вели дека е голем фан на српската пејачка Јелена Карлеуша уште од неговите средношколски денови и затоа решил да го тетовира нејзиниот лик на раката. Нинослав вели дека има и голем тапет на ѕидот во неговата соба од пејачката.
„Го сакам нејзиниот стил на облекување, нејзиниот карактер, искреност и сакам зашто е жена лав во секоја смисла“, вели Нинослав.
Тој вели дека Карлеуша е негов идол и дека сакал тоа некако да го одбележи. По разговорот со неговата пријателка Марица Џукиќ, која се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“, каде Карлеуша ѝ била менторка, тој одлучил да го тетовира нејзиник лик на неговата рака. Под тетоважата пишува „мојот живот“ на англиски јазик.
„Две години ми беше желба да ја тетовирам Карлеуша. Имав само една дилема како ќе испадне и дека сепак треба да најдам добат тату мајстор“, вели Нинослав.
Тој сега вели дека има во план да го тетовира нејзиниот автограм и стих од песна.
„Ги обожавам сите нејзини песни, но би ја издвоил ‘Кој оваа драма ја режира’, ‘Магија’ и ‘Мои другари’“, вели Нинослав.
Текстот (Фото) Ја тетовирал Карлеуша на раката е превземен од Reporter.mk.