Почина легендарниот возач на Формула 1 Стирлинг Мос

Легендарниот возач на Формула 1 Стирлинг Мос почина на 91 годишна возраст. Тој помина 134 дена во болница, откако доживеа респираторна инфекција, за време на одморот во Сингапур во декември 2016 година.

Љубителите на авто-мото спортот го сметаат Мос за еден од најдобрите возачи на Формула 1, иако тој никогаш не ја освои титулата во најбрзиот „тркачки циркус“.

Мос беше прогласен за спротска личност на годината во изборот на „Би-Би-Си“ во 1961 година, а беше и четрикратен вицешампион во Формула 1.

Во текот на својата кариера во разни категории на автобилизмот, тој оствари вкупно 212 победи на 59 трки. Меѓу неговите најдобри победи се вбројува и онаа која ја одбележа за Големата награда на Монако, кога ги бранеше боите на тимот „Лотус“, а успеа да ги победи многу побрзите возачи од него во тимот на „Ферари“.

Негов најголем ривал без сомнение беше Хуан Мануел Фнаџо, но Мос ќе биде запаметен по губењето на титулата во 1958 година, кога таа замина во рацете на неговиот сонародник Мајк Хотон.

Тој се завзема за својот сонародник Хотон, и спречи да го дисквалификуваат кога беше обвинет дека ги прекршил правилата на патеката во Португалија.

Мос на највисокот ниво на автомобилизмот се повлече во 1962 година, кога по сударот во Гудвуд заврши во кома, од која се разбуди по месец дена. Потоа половина година беше делумно парализиран.

И покрај тоа, тој продолжи да се трка на натпреварувањата, сè додека не наполни 81 година, кога дефинитивно го остави воланот.

Текстот Почина легендарниот возач на Формула 1 Стирлинг Мос е превземен од Reporter.mk.