На оваа писта ширум светот слетуваат само искусни пилоти и оние кои имаат положено сертификат за такви услови. Многу кратки писти на високи планини или оние опкружени со море носат голем ризик.
1. Принцеата Јулијана, Сент Мартин
Еден од најпознатите аеродроми на светот каде авионите слетуваат дури до плажата. Поради тоа што пистата е многу кратка, авионите слетуваат многу ниско, на 20 до 30 метри, над главата на туристите. И покрај тешкиот пристап, досега немало големи инциденти при слетувањето.
2. Си Ајс, Антарктик
На овој аеродром, авионите се спуштаат на лед. Пилотите кои слетуваат на овој дел, велат дека дебелината на ледот е толкава што нема разлика дали авионот ќе слета на него или на бетонската писта.
3. Паро, Бутан
Ако сакате да го посетите Кралството Бутан, морате да слетате на аеродромот Паро, кој е опкружен со хималајските врвови високи дури и 6000 метри.
4. Корчевел, Франција
Пистата во француските Алпи е кратка (525) метри и е дизајнирана на тој начин за авионот да забави при слетувањето. Ова е еден од најмалите аеродроми на светот.
5. Хуанчо Е. Ираскин, Карибите
Пистата на островот Саба е долга 356 метри и е опкружена со море од трите страни. Ова е најмалиот комерцијален аеродром на светот.
6. Гибралтар, Гибралтар
Гибралтар е прогласена за најопасната писта во Европа. Таа го сече главниот пат кој води кон Шпанија. Овој аеродром е сместен меѓу Средоземното море и градот Алгекирас. Има писта долга 1830 метри, нешто што од пилотите бара исклучителна прецизност.
7. Матекане, Лесото
Пистата е сместена на самиот крај на планина, на висина од 2300 метри, а долга е само 416 метри.
8. Тензинг – Хилари, Непал
Овој мал аеродром се наоѓа во градот Лукла на истокот на Непал. Изграден е на надморска висина од 2900 метри.
Пред секое слетување на авионот, жителите со звучен сигнал предупредуваат за внимателност.
Текстот (Видео) Писти на кои слетуваат само најхрабрите пилоти во светот е превземен од Reporter.mk.