Твитерџиите го нападнаа Тимберлејк по неговата изјава дека 24 часа чување деца не е хумано

Твитерџиите го осудија пејачот Џастин Тимберлејк по неговата изјава дека не е хумано да се чуваат децата 24 часа. Пејачот се пожали дека не бил подготвен да биде родител 24 часа на ден, а Твитерџиите го нападнаа и го прашаа што тој очекува од улогата на татко.

„Добри сме, само 24-часа на ден родителство не е хумано“, изјавил Џастин на прашањето како го поминува времето во самоизолација со семејството.

Ваквиот негов коментар предизвика бурна реакција кај голем број твитерџии.  Тие не беа среќни што се жали од родителството кога ги има апсолутно сите услови.

„Имам мало дете иприходот ми се намали за 75 %, а вие се жалите? Искрено сакам да ве удрам во фаца дајцата“ бил еден од поострите коментари на твитеџиите.

Тимберлејк е миленик на публиката со неговите хитови, но тој ја разлути јавноста со една изјава на тема социјалната изолација и улогата на родител за време на пандемија.

Тимберлејк изјави дека со сопруга Џесика Бил и синот Силас се во Монтана, на место каде нема многу народ и каде можат да прошетаат во природа. Изјави дека се среќни и благословени што го имаат луксузот да бидат сами.

Но, Твитерџиите не беа среќни што се жали од родителството кога ги има апсолутно сите услови. Тие го потсетија да помисли на самохраните родители и на родителите кои ги изгубиле работните места. Малиот Силас 5-тиот роденден го прослави во домашна изолација, а Џесика Бил до обележа на „Инстаграм“ со стара фотографија од нив.

Текстот Твитерџиите го нападнаа Тимберлејк по неговата изјава дека 24 часа чување деца не е хумано е превземен од Reporter.mk.