Познат британски комичар почина од коронавирус

Познатиот британски глумец, водител и комичар Тим Брук Тејлор почина од коронавирус, пренесува британски „Гардијан“. Тејлор почина на 80 годишна возраст, а несреќната вест ја потври неговиот портпарол.

„Со големо жалење ви пренесуваме дека Тим Брук почина денес од последица на „Ковид-19““, изјавил портпаролот. Од глумецот се простија голем број негови колеги, пријатели, обожаватели по социјалните мрежи. Почест му оддаде и познатиот продуцент Симон Блеквел.

„Срцето ми е скршено поради Тим. Го исполни детството на голем број луѓе со насмевка и тоа го правеше повеќе од десет години“, напиша тој.

Тим глумеше во популарната британска комична серија The Goodies, која се емитуваше од 1970 до 1982 година. Се појави и во комичниот филм као How to Irritate People. Комичарот Грејм Гардерн, кој глумеше со него во серијата, вели дека напуштањето на Тим е неутешко за него, затоа што изгубил пријател со кого се дружел 50 години.

„Беше забавен, друштвен, дарежлив човек со кого беше задоволство да се работи. Публиката го сметаше и за смешен, но им беше и многу драг“, изјавил Гардер изразувајќи сочувство до семејството.

 

 

Текстот Познат британски комичар почина од коронавирус е превземен од Reporter.mk.