Глумецот Руперт Гринт, од „Хари Потер“ ќе стане татко

Британскиот глумец Руперт Гринт, кој ја толкува улогата на Рон Визли од франшизата „Хари Потер“ ќе стане татко. Тој чека дете со неговата девојка Џорџ Грум пренесува британски „Дејли Мејл“.

„Руперт и Рон се возбудени што можат да ја споделат веста дека очекуваат бебе. Во овие моменти тие се молат за малку приватност“, изјавил нивниот портпарол за странските медиуми.

Ова ќе биде нивно прво дете. Двојката е во врска уште од 2011 година. Во јавноста се зборуваше дека се венчале, но досега ниту еден од нив двајца ја нема потврдено оваа вест. Папараците неколку пати ги имаат уловено како шетаат низ заедно, со турдничиот стомак на Грум.

 

Рон веќе подолго време зборува дека двајцата посакуваат да станат родители.

„Се чувствувам чудно на 30 години. Не знам што носи иднината. Едноставено имам намера да се опуштам и да глумам интересни ликови, па ќе видиме што ќе се случи. Би сакал да се смирам и да оформам семејство, да имам деца. Што мислите, дали синот треба да го наречам Рон? Убаво е тоа име, но веројатно нема“, изјавил тој по повод 30 роденден.

Џорџ исто како и Рон е глумица, а најпозната е по улогата во комедијата Angus, Thongs and Perfect Snogging од 2008 година.

 

 

 

Текстот Глумецот Руперт Гринт, од „Хари Потер“ ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.