Шарлиз Терон, Роуз МекГован, Жерар Депардје, Џенифер Лопез се дел од холивудските ѕвезди кои успеале да ги реализираат своите соништа и покрај тоа што имале тешко детство.
Шарлиз Терот е родена во Африка, а на 15 години била сведок на ужасна трагедија. Нејзината мајка, пред нејзе го застралала татко ѝ во самоодбрана. Во едно од многубројните интервјуа, таа открила дека тој момент многу ѝ влијаел во животот. Татко ѝ бил алкохоличар и секој ден бил неизвесен.
Терон се плашела за својот живот и што тоа татко ѝ можел да ѝ го направи. На 16 години таа започнала кариера како модел и почнала да патува низ Европа, а потоа и Холивуд.
Актерката Роуз МекГован е позната по серијата „Enchanted“ (Волшебнички). Нејзиниот татко бил писател кој во минатото се вклучил во сектата „Children of God“. Во истата ги вовлекол и сопругата и 6-те деца. Сектата била комплетно затворена комуна од надворешниот свет.
Кога Роуз имала 10 години, таа и нејзината мајка побегнале и се преселиле во Вашингтон. Таму мајка ѝ сретнала маж кој ја убедил дека Роуз е зависник од дрога. Таа подоцна била испратена на рехабилитација.
Една година подоцна Роуз излегла оттаму, се оттргнала од родителите и започнала да живее со баба си. На 14-годишна возраст се запишала во уметничко училиште и започнала да се занимава со глума.
Жерар Депардје е еден од најпопуларните француски актери на сите времиња. Неговото детство како и другите не било едноставно. Неговиот татко не знаел ниту да чита и пишува. Тие живееле од социјална помош, која не била доволна за 6-те деца.
Депардје бил срамежлив, слаб и имал лоша дикција, но потоа почнал да работи на себе. Се запишал на бокс, на разни курсеви и почнал да работи на своите актерски способности. Така успеал во животот.
Актерката Лејтон Мистер е позната по серијата „Gossip Girl“. Таа вели дека малку фалело да биде родена во затвор. Кога се родила нејзината мајка отслужувала затворска казна.
По раѓањето на ќерка ѝ, на Лејтон ѝ било дозволено да мине три месеци со неа. Откако се вратила во затвор, а Лејтон ја чувала баба ѝ. Лејтон уште од мала учествувала во локални театарски претстави, а на 11 години се преселила во Њујорк со мајка ѝ и започнала сериозна актерска кариера.
Лејтон вели дека не сака никого да осудува за грешките од минатото, особено не родителите.
Пејачката Џенифер Лопез сега заработува милиони, но потекнува од сиромашно семејство на емигранти, кои потекнуваат од Порторико. Мајка ѝ била учителка, а татко ѝ програмер. Тие се плашеле дека местото Бронкс во Њујорк, лошо ќе влијае на нивната ќерка, па уште на 5-годишна возраст ја испратиле во католичко училиште.
Тие не ја поддржувале нејзината желба да стане актерка. Се надевале дека еден ден Џенифер ќе стане познат адвокат. Откако го напуштила домот, почнала да посетува низа аудиции.
Поради скромното потекло на Лопез ѝ било потребен повеќе труд за да се истакне меѓу останатите. Актерската кариера ја започнала во 1997 со улогата во филмот „Selena“.
Текстот Мрачното минато на холивудските ѕвезди е превземен од Reporter.mk.