Некогашниот најдобар светски тенисер, Енди Родик, во интервју за „Еуроспорт“ изјави дека му било многу тешко кога губел од Новак Ѓоковиќ, што понекогаш сакал да го натепа. Родик вели дека кога пред 12 години изгубил со 3:1 во четвртфиналето на УС Опен, навистина имал желба да го удри. Пред оваа средба Родик го нарече Ѓоковиќ фолирант. Откако победи, Новак одржа говор во кој го пофали својот противник и имаше само комплименти за неговата игра.
„Сето ова направи да посакам физички да се пресметам со него. Јас претходно го предизвикав со изјавите, а тој ме растури на теренот. Ме победи онака како што сакаше, а потоа ме прозва. Кога влезе во соблекувалната тргнав по него. Неговиот тогашен тренер, Гебхард Гритч влета да го заштити. Кога видов дека грамада стои зад мене, се повлеков. Да не го сторев тоа, ќе ме прегазеше воз,“ рекол Родик.
Денеска неговиот однос со Новак е различен, а двајцата тенисери се одлични пријатели.
„Некој како Ѓоковиќ може животот да ви го направи мизерен, има толку добар удар“, изјави Родик во интервјуто.
Текстот (Видео) Енди Родик сакал да го натепа Новак Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.