Македонската пејачка Клина Велковска – Кали, повторно го воодушеви жирито во музичкото шоу „Гласот на Бугарија“ и се пласираше во третиот круг. Таа пееше во делот наречен „вокални двобои“ и се натпреваруваше против бугарската пејачка Пламена.
Двете девојки заедно ја пееја песната Ex’s & Oh’s од Ели Кинг, а нивниот ментор, Иван Лечов, реши да ја задржи Калина во својот тим.
За потсетување, Калина во првиот круг на популарното шоу ја испеа песната This World и тогаш сите членови на жирито сакаа да ја земат во нивниот тим. Но, Кали се реши ментор да ѝ биде Лечов. Во интервју за „Репортер“ таа потоа рече дека го избрала Лечов бидејќи е еден од ретките балкански музичари што освоиле Греми во кариерата. Таа во интервјуто откри и дека сега вежба песни со бендот од шоуто и дека натпреварувачите веќе не ги бираат песнит есами, туку дека тоа го прават нивните ментори.
Текстот (Видео) Кали влезе во третиот круг, жирито во „Гласот на Бугарија“ ја сака македонската пејачка е превземен од Reporter.mk.