Нацоски ја испеа на италијански „Уште ми фалиш“ на Дац и Александар

 

„Уште ми фалиш“, песната што  Александар Митевски и Драган Спасов-Дац ја испеаја лани на фестивалот „Макфест“, доби своја италијанска верзија од тенорот Благој Нацоски. „Физички сме одвоени, но емотивно посплотени од кога било. Кога далечината нѐ спојува, се бориме против ова зло со заеднички сили. Никому не му е лесно, но на некои им е најтешко. Во мислите ни се сите оние што изгубија свој близок. Се гушкаме музички, бидејќи поинаку не е можно засега. Македонија и Италија, односно Александар, Дац и јас ви праќаме една музичка прегратка со оваа песна „, вели Нацоски.

Инаку, тој е амбасадор на македонската култура во Италија. Веднаш кога го слушнал предлогот на Дац и Александар песната да добие и италијанска верзија, прифатил. Снимил три верзии и им ги испратил, а Александар во студиото „Торус“ ги доработил и така се родила оваа интересна верзија на песната, која и досега беше мошне слушана во Македонија.

 

Текстот Нацоски ја испеа на италијански „Уште ми фалиш“ на Дац и Александар е превземен од Reporter.mk.