Астрономите од НАСА ја забележаа досега најмоќната и најсјајна супернова, која е предизвикана од најголемата досега регистрирана експлозија на ѕвезда. Таа е десет пати посилна од нормалната супернова и 500 пати посјајна. Ова го пренесуваа научниците од Британија и САД во истражувањето објавено во списанието „Нејчр астрономи“.
Астрономите од универзитетот во Бирмингем и од Харвард – Смитсониан центарот за астрофизика во САД, своето откритие, наречено SN2016asp, го опишале како „екстремно силна супернова“.
„Освен по големината и сјајот, суперновата била спектакуларна и по други својства“, рекол ко-авторот на истражувањето, Едо Бергер, од универзитетот во Масачусетс.
Таквата супернова емитува само еден процент од својата енергија во видливо светло, но SN2016aps емитува многу поголем дел од вообичаеното.
Научниците процениле дека SN2016aps има енергија како 200 квадрилиони гигатони ТНТ експлозив.
Експлозиите како оваа, сметаат научниците, би можеле да ни помогнат да дознаеме за супермасивните ѕвезди кои можеле да постојат во раната вселена.
A supernova brighter and larger than any other on record has been discovered by scientists. https://t.co/vr1jtmb3oV
— CNN (@CNN) April 13, 2020
Текстот Астрономите ја забележаа досега најсјајната и најмоќна експлозија на ѕвезда е превземен од Reporter.mk.