Школски учебник за биологија за петто одделение, одобрен од страна на Министерството за образование на Србија, ги учи децата да ги мразат напуштените животни.
Срамно и недозволиво се коментарите на родителите и здруженијата „Бета Зрењанин“ и Бата Књажевац“ кои велат дека 11 годишни деца се учат дека напуштените кучиња им се непријатели. Од здруженијата велат дека побарале реакција од надлежните.
Тие велат дека учебникот ги учи дека кучињата можат да ги нападат и да им пренесат некаква заразна болест. Не е ни чудо што чести се случаите кога ќе видиме дете кое шутира некое куче или го мава со камен. Децата лесно го присвојуваат она што авторитетите ќе им го наложат.
„Имаме голем проблем пред сè со кучињата, но и со мачките скитници. Уличните кучиња се собираат во чопори, кои изгледаат застрашувачки, а особено секој ден се забележани и напади во кои некое куче ќе касне човек, па и дете. Кучињата скитници пренесуваат болести, како на домашните миленици, така и на луѓето. Во потрага по храна, кучињата и мачките го разнесуваат ѓубрето по улиците, со што ја нарушуваат градската средина“, пишува во учебникот.
„Тие деца утре ќе имаат на контролните тестови прашања: ‘Кои се кучињата скитници?’, а одговорите ќе бидат застрашувачки“, велат од здруженијата.
„Што е со оние деца кои ги сакаат животните, кои им помагаат и ги хранат низ улиците? Ако пишува дека напуштените кучиња се добри души кои сакаат внимание и љубов, тоа ќе биде неточен одогвор, зар не?“, прашуваат од здруженијата.
Ваквите учебници ги учат децата на погрешни вредности и еден ден ќе можат да станат возрасни луѓе кои ги мразат животните, а неретко и да имаат деструктивно однесување кон нив.
И така генерација по генерација ќе има потенцијално лош однос кон напуштените кучиња, без идејата дека треба да им помгонат, да ги вдомат и да имаат човечки однос кон нив.
Освен тоа, научно е докажано дека животните имаат големо значење за социјализација на децата. Така, докажано е дека децата треба да учат и да имаат позитивен став кон напуштените животни, затоа што на тој начин ги учиме на вредности на помагање на послабите и на оние кои се безпомошни.
Не смееме да дозволиме нашите деца да пораснат во атмосфера во која се охрабрува лошиот однос кон живуте суштества, без разлика дали се во прашање напуштени или домашни миленици. Животните се наши пријатели и нашито однос кон нив покажува какви луѓе сме ние, велат од здруженијата.
Текстот Учебник од петто одделение во Србија ги учи децата да ги мразат напуштените животни е превземен од Reporter.mk.