И следната зимата ќе седиме повторно дома- тврдат експерти за лечење на Ковид -19

Човештвото нема да може целосно да се справи со пандемијата на коронавирусот ова лето, а нов бран на болести е можен во ноември, иако нема да биде толку сериозен, пишува порталот „Хуанкајо“, повикувајќи се на зборовите на шефот на инфективниот оддел во шангајската болница Хуашан, експерт за лечење на КОВИД-19, Џан Венгхун.
„И после ноември ќе се соочуваме со сериозен предизвик, мислам дека следниот бран на епидемијата може да се случи околу ноември„, изјавил експертот.
Тој рекол дека болеста започнала да се појавува во земјите од Јужна Америка, Африка и Југоисточна Азија, поради што, според постојниот математички модел, ова лето нема да можеме да се ослободиме целосно од вирусот, а кога ќе дојде зимата – сите ќе седат повторно дома.
Во врска со ова, Венгхун истакна дека, благодарение на искуството добиено од многу земји за време на тековниот епидемиски бран, особено во областа на дијагностиката, следниот бран на епидемијата нема да биде толку опасен.
„Сепак, на земјите што немаат доволно медицински ресурси, најверојатно, ќе им е тешко да преживеат следната зима, вклучително и Африка и Јужна Америка“, оценил експертот.
Според него, контролата врз епидемиолошката состојба во светот не зависи од Кина, САД или Европа – туку од тоа како земјите кои се најмалку во можност да ја контролираат можат да се справат со епидемијата.
Низ целиот свет, 1.853.505 луѓе се заразени од новиот коронавирус, повеќе од 114.000 умреле, а повеќе од 423.000 се излечиле, пренесува Worldometers.

Текстот И следната зимата ќе седиме повторно дома- тврдат експерти за лечење на Ковид -19 е превземен од Reporter.mk.