Синиша Михајловиќ ја победи леукемијата

Тренерот на италијанскиот клуб Болоња ја победи леукемијата, вели неговиот поранешен соиграч од Интер, Хулио Рикардо Круз. Аргентинецот вели дека неодамна се слушнал со поранешниот фудбалер и дека тој му ги пренел убавите вести.

„Во време кога слушаме само лоши и тешки вести, се појави и една убава вест. Синиша Михајловиќ ја заврши својата борба со леукемијата. Синиша не е човек, тој е ѕвер. Се слушнав со него и благодарам на Бога што слушнав убави вести дека леукемијата останала зад него. Нашите семејства се многу блиски, па и сопругите често се слушаат. Сите сме пресреќни што Синиша успешно ја доби оваа битка“, изјавил Круз за италијанските медиуми.

Според најавите оваа вест се очекува наскоро официјално да ја објави и семејството на Михајловиќ. Круз и Михајловиќ две години играа заедно во дресот на Интер.

 

Аргентинецот и Србинот две години беа соиграчи во миланскиот клуб, а потоа нивната соработка продолжи кога Синиша од теренот премина во стручниот штаб на Роберто Манчини, кој во тоа време го водеше Интер.

 

Текстот Синиша Михајловиќ ја победи леукемијата е превземен од Reporter.mk.