Шпанија воведува нови правила на плажите

На плажите во Шпанија веќе анма да биде исто, откако е најавено дека   дека туристите мораат да се сончаат на два метри оддалеченост и по завршувањето на кризата која ја предизвика коронавирусот.

Моментално сите плажи во Шпанија се недостапни за користење, а оваа забрана е на сила од 14 март. Вонредната состојба во оваа држава ќе биде на сила најрано до мај.

Откако ќе бидат тргнати мерките, министерката за туризам Рејес Марото вели дека туристите уште некое време ќе мораат да се држат на оддалеченост, не само во хотелите и одморалиштата, туку и на самите плажи.

Таа рекла дека секторот туризам ќе има побавен излез од пандемијата и повикала на европски план за избегнување на банкрот на авио-компаниите.

Планот на владата на Шпанија е да бидат безбедна дестинација за одмор и да ги охрабрат своите граѓани на одмор во земјата.

– Стимулација на националниот туризам е број еден, меѓународниот ќе чини повеќе, рекла таа.

Министерката вели дека мерките за социјална дистанца мораат да се почитуваат на плажите дури и кога кризата ќе пројде.

Текстот Шпанија воведува нови правила на плажите е превземен од Reporter.mk.