На голем број прозори во Австралија, во последните неколку дена, се забележани кадифени мечиња и слични играчки како седат и гледаат надвор.
Станува збор за спонтана акција на Австралијанците, која ја следеа и други земји, која има за цел да ги развесели децата кои не разбираат најдобро зошто мораат да останат дома и кои на некој начин се обидуваат да им ја разубават сликата со празните улици.
Во Австралија дозволено е шетање низ крајот во кој живеете, но задолжително мора да се држи растојание еден од друг. На овој начин децата виделе дека мечињата се послушни и дека седат дома, а прошетката низ крајот им е доста пријатна додека играчките ги поздравуваат од прозорите и балконите.
Акцијата имаше големо позитивно влијание кај најмладите кои во текот на светската борба против коронавирусот, за жал, беа исплашени, во паника, загрижени и уморни од вестите кои постојано говореа за ширењето на опасниот вирус низ австралиските градови и целиот свет.
Две мечиња се најдоа и на прозорот на премиерката на Нов Зеланд Џасинда Арден. Новата игра „лов на мечиња“ стана омилена забава кај децата додека се шетаат со своите родители низ улиците. Наместо да играат со другите деца во парковите, тие во прошетката се обидуваат да избројат колку е можно повеќе мечиња.
Потоа се фалат со својот „лов“ на изброени мечиња, на социјалните мрежи со своите родители. Децата се воодушевени, а некогаш омилената, денес подзаборавена игра „лов на богатство“, сега повторно оживеа, но овој пат во лов на мечиња.
Текстот (Галерија) И кадифените мечиња во борба против короната, децата среќни кога ќе ги видат на прозорите е превземен од Reporter.mk.