Рита Ора побегна од Лондон кон село откако беше воведен карантин, а нејзините нови соседи воопшто не се задоволни од тоа.
Пејачката моментално е во Котсволдс во југозападниот дел на земјата со пет други лица и има резервирано сместување во куќата пред пандемијата. Таа, наводно, е со група луѓе, со кои работи на својот нов албум.
Мештаните се бесни откако Рита и нејзината екипа ги избркале од јавна површина и дрон им летал над глава.
Една жена изјави дека чуварите на Рита го расплакале нејзиниот син, ги избркале од јавна површина, и додека заминале, следувал дрон.
„Зарем таа не треба да ги следи правилата и да остане во Лондон?, се прашуваат тие.
Рита не се возбудува од нивниот гнев и наместо тоа позираше во ливада во маица без градник.
„Таа е смртно сериозна во врска со карантинот и дава се од себе за да се изолира“, рекоа пријателите на Рита, кои негираа дека сега организира забави.
Текстот Рита Ора побегна од каранитин, мештаните лути на пејачката е превземен од Reporter.mk.