По два пропаднати брака и неколку неуспешни врски, секс-симболот Шерон Стоун признала дека одлучила да пронајде нова љубов преку апликациите за запознавање.
Во големото интервју за германски „Вог“, на чија насловна страница е , Шерон, раскажала како изгледа допишувањето преку апликациите и се пошегувала дека ја бие малер кога станува збор за мажите.
„Јас се допишував со сите, од поранешни затвореници, до социјални чудаци кои претпочитаат да поминуваат време со кучиња отколку со луѓе – рекла таа и признала дека во моментот се допишува со воздухопловен инженер.
Шерон се осврнала и на нејзиниот живот во Холивуд.
– Почнав да ги добивам главните улоги дури откако се соблеков за „Плејбој“ – рекла таа.
„Беше една многу мизогинистичка ера пред 20 години. Мел Гибсон, кој е три години постар од мене, мислеше дека сум премногу стара за да глумам со него“, додала Шерон.
И покрај тоа што веќе има 62 години, таа ја одржува беспрекорната линија, а открила и дека долго време се борела со прифаќањето на своето тело.
„Во еден период од своите четириесетти години, се случуваше да одам во бањата со шише вино да се заклучам и да си кажам дека нема да излезам надвор додека во потполност не го прифатам своето тело“ – признала ктерката.
Шерон во 1984 година се омажи за сценаристот Мајкл Гринбург. Тие беа заедно до 1987 година. Од 1998 до 2004 година беше во брак со новинарот Фил Бронштајн.
Текстот Шерон Стоун бара маж преку апликации: Се допишувам со затвореници е превземен од Reporter.mk.