Далгона кафе – рецепт за најпопуларното кафе на Инстаграм и ТикТок

Пенастото кафе кое се топи во усните е мало уживање за кое е потребно неколку моменти за да го подготвиме дома.

Не излегуваме од дома, кафулињата не работат, а на многумина им недостига омиленото кафе во кафуле. Ова кафе буквално преку ноќ го освои Инстаграмот и популарната мрежа ТикТок. Напитокот е инспириран од корејските слатки, Далгон бонбоните, кои потсетуваат на кафе.

Како да подготвите Далгона кафе дома?

Далгона кафето повеќе е како десерт отколку кафе, а во текот на карантинот стана хит на Инстаграм и ТикТок. Не е чудо! Нежното, пенасто кафе и ладното млеко се совршена комбинација.

Погледнете ја нашата галерија во која ќе најдете инспирација директно од Инстаграм и сто така откријте рецепт за популарното и вкусно кафе.

Далгона кафе – рецепт

Состојки за една шолја:

  • 2 кафени лажици инстант кафе (може и нес)
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици топла вода
  • Пола шолја млеко
  • Опционално неколку коцки мраз

Начин на подготовка:

Го мешате кафето заедно со шеќерот и водата. Тоа може да го направите и со миксерот, маталка за нес или со лажица. Важно е да добиеме густа пена. Ставаме неколку коцки мраз во чашата и го истураме млекото.

Пријатно!

Текстот Далгона кафе – рецепт за најпопуларното кафе на Инстаграм и ТикТок е превземен од Reporter.mk.