Американската фудбалска ѕвезда Том Брејди октри дека неговиот брак со супермоделот Жизел Бунхен пред две години бил пред распад. Брејди со Жизел се ожени во 2009 година, но 2018 година била критична за нив. Таа му рекла дека не го чувствува како дел од семејството.
„Жизел чувствуваше дека јас играм цела сезона, а таа е таа која се грижи за куќата. Кога заврши сезоната, јас повторно ќе се фатев за други работи поврзани со фудбалот“, изјавил Брејди во шоуто на Хаувард Стерн.
„Ќе ме прашаше кога мислам да почнам да се позанимавам со работите по дома. Кога ќе ги однесам децата во школо. Кога ќе ги завршувам домашните обврски“, отворено кажал Брејди.
Фудбалската ѕвезда вели дека тој период бил најтешкиот во нивниот брак. Морал да се преиспита што сака во животот.
„Жизел ќе ми кажеше дека и таа има цели и соништа во животот кои сака да ги оствари. Подобро е да се фатиш за работите по дома, ќе ми кажеше на моменти“, признал легендарниот играч.
„Пред две години морав да направам голема промена во мојот живот. Морав да прифатам дека не можам да ги работам сите тие работи поврзани за фудбалот, како што тоа го правев претходно. Ќе си помислев дека морам да почнам да работам многу повеќе работи за семејството, дека ситуацијата не е добра. Таа не беше задоволна од овој брак и морав да се потрудам за да ги променам работите“, раскажал Брејди.
Текстот Бракот на Жизел и Брејди бил пред распад е превземен од Reporter.mk.