Лајла Ана Ли е атрактивна англиска водителка и новинарка која ја обожаваат камерите, но и луѓето позди нив. Таа е родена во Англија, но во крвта има и бразилски корени од каде го има собрано сексипилот, а тука се и ирските и шкотските корени.
Поради своите комуникациски вештини, таа брзо се провлекла во водителските води, а денес е една од најпознатите спортски новинарки во Велика Британија. Лајла следи фудбал, боречки спортови, Формула 1, а е една од ретките новинарки кои од познатата бразилска фудбалска ѕвезда Нејмар, може лесно да направи интервју.
Таа ги има интервјуирано и Меси, Пеле, Марсело, Пеп Гвардиола. Таа работи за популарните медиумски спортски куќи како што се „Скај Спортс“, „Гол“, „ЕСПН“ и други.
Текстот (Видео) Никој не ја одбива за интервју, секси новинарка на која паѓаат Нејмар и Гвардиола е превземен од Reporter.mk.