Манекенката и фармацевт Дунавка Трифуновска за прв пат јавно прозборе за љубовта со поп-пејачот Владо Јаневски. Во интревјуто за „Репортер“, откри дека Владо е совршен љубовник. Дека одлично функционираат како љубовници и како соработници.
„Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, вели Трифуновска. Таа откри дека цело лето, откако започнале настапите на Владо по промоцијата на спотот каде Дунавка е главна улога, постојано излегувале заедно.
“Овие четири месеци, се изнаигравме, се изнажуркаве, си поминавме навистина топ“, рече Дунавка за Репортер.
Текстот Имавме љубовно лето е превземен од Reporter.mk.