Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата влада се обидува да одреди дали вирусот „Ковид-19“ настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан, пренесува „Ројтерс“.
Додека американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Пекинг ќе мора да појасни за сите работи кои ги знае, а досега не ги кажале во јавноста.
Американскиот портал „Фокс њуз“ објави во средата дека вирусот настанал во лабораторија во Вухан, не како биолошко оружје, туку како дел од обидите на Кина да покаже дека нивните напори да ги идентификува вирусите и борбата против нив се подеднакво големи како и можностите на САД.
Трамп одговарајќи на прашањето за тие гласини, изјави дека тој слушнал за нив и дека неговата администрација темелно ќе ја испитува ситуацијата. Запрашан за тоа дали разговарал со кинескиот претседател Си Џипинг, Трамп изјавил дека не сака да коментира што разговарале со него за лабораториите во овој момент.
Од Кинеското Министерство за надворешни работи соопштија денес дека Светската здравствена организација излегла со соопштение дека нема докази дека коронавирусот настанал во лабораторија.
Тоа го изјавил портпаролот на Министерството Жао Лиџијан, одговарајќи на обвинувањата дека вирусот, од кого заболеа повеќе од два милиони жители на Земјата, настанал во лабораторијата во кинескиот град Вухан.
Алузија на потекло на вирусот направил и американскиот државен секретар Мајк Помпео кој изјавил дека неговата влада ќе се обиде да одреди дали вирусот „Ковид-19“, настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан.
Државниот секретар Мајкл Помпео изјави дека знае дека вирусот настанал во Вухан, како и дека институтот за вирусологија е оддалечен само неколку километри од пазарот каде прв пат се појави коронавирусот, пренесува „Фокс њуз“.
„Сакаме кинеската влада да се отвори и да ни помогне во објаснувањето како точно вирусот се проширил. Кинеската влада мора тоа да го појасни“, изјавил Помпео.
Инаку Трамп на конференцијата за новинари, одржана во средата во Белата куќа, изразил скептицизам во бројот на смртни случаи во Кина, наведувајќи дека неверојатно е дека Кина има само 3000 смртни случаи, а САД повеќе од 20.000.
„Дали навистина верувате во овие бројки во оваа огромна земја наречена Кина и дека имаат толку мал број на случаи. Дали некој навистина верува во тоа“, запрашал Трамп.
Трамп се закани дека ќе го распушти Конгресот затоа што законодавците не ги потврдиле неговите кандидати за високите позиции во администрацијата, вклучувајќи ја и личноста номинирана за да ја превземе независната агенција која ја надгледува работата на „Гласот на Америка“.
„Имам голема силна моќ“, објави Трамп во средата, користејќи ја терминологијата од вториот член од американскиот Устав, кој му овозможува на претседателот да, „во исклучителни околности“, распушти еден или двата дома на Конгресот.
„Сенатот би требало да ја исполни својата должност и да гласа за кандидатите кои ги номинирав или би требало официјално да се распушти, така што јас би можел да ги поставам луѓето на позицијата додека тие се на пауза“, изјавил Трамп и додал дека има огромен број на луѓе кои треба да се приклучат на администрацијата.
„Имам голем број луѓе кои треба да се приклучат на администрацијат. А сега се потребни повеќе како никогаш претходно, поради коронавирусот“, изјавил Трамп.
Според Уставот на САД, номинациите за некои високи позиции во администрацијата мора да ги потврди Сенатот со мнозинство гласови. Но, кога Конгресот не заседава, претседателот има право да направи таканаречено „именување за време на пауза во заседание на конгресот“, кој истекува доколку кандидатот не е потврден до крајот на следното полно заседание.
Ниту еден претседател во историјата никогаш не ја искористил специфичната можност – и членот 2 од Уставот, да го распушти Конгресот, пишува „Глас на Америка“.
„Можеби тоа никогаш претходно не е направено, никој дури не е ни сигурен“, изјавил Трамп и додал дека тоа ќе го направи и дека му се потребни луѓето.
„Потребни ни се луѓето за оваа криза и не сакаме повеќе да играме политички игри“, изјавил Трамп.
Авторот на документарни филмови Мајкл Пен, кого Трамп го номинираше да ја води Агенцијата за глобални медиуми на САД (USAGM), е еден од 15 клучни кандидати чија номинација чека на потврда во Сенатот. Трамп го наведе неговото име, но погрешно го идентификуваше USAGM, со нејзиното претходно име BBG, Бордот гувернер на електронски медиуми.
Претседателот Трамп исто така го спомена и кандидатот кој го номинираше за директор на националните известувачки агенции, два члена на бордот за Федерални резерви и потсекретарот за земјоделство, одговорен за спроведување на програмата за безбедност на храна, како номинации кои сеуште чекаат на потврдата.
President Donald Trump threatens to adjourn U.S. Congress in order to pave the way for recess appointments of his nominees for federal judgeships and other government positions https://t.co/x71O8C4Ss5 by @steveholland1 @ReutersZengerle pic.twitter.com/arUVscCysK
— Reuters (@Reuters) April 16, 2020
Трамп за застојот ги обвини демократите, обвинувајќи ја опозиционата партија дека упорно настојува да го отежне животот.
„Актуелната пракса да се напушти градот и да се организира лажна про-форма седница, за занемервање на должноста, е нешто што американскиот народ не може да си ја дозволи во периодот на оваа криза“, истакнал Трамп.
Раководството на „Гласот на Америка во средата вечерта ги отфрли критиките на Трамп.
Текстот Владата на Трамп ќе испитува дали коронавирусот е настанат во лабораторија е превземен од Reporter.mk.