Откако на социјалните мрежи многмина се шегуваа дека Џина Папас Џокси годинава „нема да може да се заљуби на Велигден“, музичарот го испеа својот легендарен хит во изолација. Со Џокси пееја и членовите на академскиот хор „Мирче Ацев“. Сите заедно од дома ја преработија најпопуларната песна за овој период од годината. Коментарите се дека испеана вака, „На Велигден“ звучи уште подобро.
Текстот (Видео) Џокси во изолација ја испеа „На Велигден“ со хорот „Мирче Ацев“ е превземен од Reporter.mk.