Балканската ѕвезда Марија Шерифовиќ, која е во 28-дневен карантин во својот дом во Белград, го препеа хитот на Тоше Проески и Антонија Шола, „Волим осмех твој“. Таа песната ја испеа заедно со неколку нејзини пријатели. Видеото за еден ден има повеќе од 100.000 прегледи.
„Сакани мои знаете колку ги сакам настапите и концертите. Во моментов ми недостасуваат многу и се надевам дека ова лудило наскоро ќе помине па ќе можеме да се дружиме во живо“, напиша Марија.
Таа пред неколку месеци на концертот во „Сава центар“ во Белград рече дека единствениот пејач за кој жали што не снимила дует е Тоше. Тогаш откри дека разговарале за да направат заедничка песна, тоа дека планот никогаш не се исполнил заради смртта на македонската ѕвезда.
Текстот (Видео) Марија Шерифовиќ и во карантин се сети на Тоше е превземен од Reporter.mk.