Македонскиот пејач Стефан Спироски (24) го преработи хитот на Саша Ковачевиќ „А могли смо све“. Ова е трет професионален кавер на Стефан.
„Наскоро ќе ја промовирам и мојата прва авторска песна која ми ја подари хрватската пејачка Антониа Шола. Таа ги напиша текстот и музиката“, откри пејачот за „Репортер“.
Тој претходно ги препеа и „Јано мори“ и „Имаш ме“.
Текстот (Видео) Стефан Спироски преработи хит од Саша Ковачевиќ е превземен од Reporter.mk.