(Видео) Онлајн концертот на Лејди Гага собра 127 милиони долари

Американската поп-sвезда Лејди Гага откри дека со концертот „Еден свет – заедно дома“ се собрале 127 милиони долари во борбата против коронавирусот. Гага на „Твитер“ напиша дека е трогната од успехот на концертот и има се заблагодари на стотината пејачи, глумци, шоумени и уметници што учествуваа во неговата реализација.

„Ги обожавам сите уметници кои беа дел од #ЗаедноДома. И сите што гледаа, и сите што не можеа. Сите сме важни. Ние сме еден свет“, напиша 34-годишната пејачка.

Настанот, кој се одржа вчера и траеше повеќе од 5 часа, вклучуваше настапи на Адам Ламберт, Рита Ора, Бијонсе, Дејвид Бекам, Самуел Л. Џексон, Сер Елтон Џон и Сара Џесика Паркер.

Ѕвездата им се заблагодари на луѓето за нивната поддршка во емотивно видео на Инстаграм.

„Само сакам да знаете дека ова е вистинска љубовна порака за сите вас низ целиот свет“, вели пејачката.

(Во живо) Најголем концерт од дома на Лејди Гага и 70 светски ѕвезди

Текстот (Видео) Онлајн концертот на Лејди Гага собра 127 милиони долари е превземен од Reporter.mk.