Кралицата Елизабета денес во карантин го слави својот 94. роденден. Со неа во замокот Виндзор е само принцот Филип (98), пренесуваат британските медиуми. Ова е првпат роденденот на кралицата да се слави без голема прослава, огномети низ Британија, и без забава со семејството. Камбаните на катедралата во Вестминстер не ѕвонеа на нејзиниот роденден, што е првпат по повеќе од 10 години. Бакингемската палата соопшти дека годинава нема да има прослава, а дека сите телефонски и видеоразговори на кралицата со семејството ќе бидат приватни.
Кралицата пред неколку дена ѝ се побрати на нацијата и им порача да се чуваат. Вчера, пак, првпат по три години и принцот се обрати пред јавноста. Тој им се заблагодари на сите што овозможуваат светот да функционира во време на смртоносната пандемија на коронавирус.
Членовите на кралското семејство, како и остатокот од Британија, ги почитуваат мерките за физичка оддалеченост. Принцот Чарлс закрепна од коронавирусот во Биркхал, Абердиншир, Шкотска, каде што и натаму престојува со војвотката од Корнвол, Камила.
Вилијам и Кејт се наоѓаат во Анмер Хало, Норфолк, со своите деца Џорџ, Шарлот и Луис, додека Хари и Меган, кои ги напуштија своите кралски должности, се во Лос Анџелес, со нивниот син Арчи.
Текстот Кралицата Елизабета го слави роденденот во карантин со принцот Филип е превземен од Reporter.mk.