Неспособни, не ви седам во каранатин, грипов не е опасен – На Наум Петрески ни власта му чини ни коронава му е страшна

Изреволтиран од полицискиот час и мерките за справување со короната, фолк-пејачот Наум Петрески, на „Фејсбук“ напиша дека веќе нема да седи во карантин. Вели, ова е обичен грип со кој власта не знае да се справи.

„Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен. Опасен да, за луѓето со попречен имунитет, е тие луѓе ставете ги во карантин, а не сите нас. Кој ли вас ве стави на власт????“, напиша Петрески на социјалните мрежи.

Откако статусот почна да се споделува во јавноста и многумина му оставаија коментари дека не е во право со тоа што го напишал, Наум ја избриша објавата од „Фејсбук“.

Текстот Неспособни, не ви седам во каранатин, грипов не е опасен – На Наум Петрески ни власта му чини ни коронава му е страшна е превземен од Reporter.mk.