Пирс Броснан ја спасил Хали Бери од гушење додека снимале секси сцена

Хали Бери откри дека Пирс Броснан ја спасил од гушење додека снимале секси сцена во филмот „Умри друг ден“, еден од филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд. Таа гостуваше во ток-шоуто на Џими Фалон и со него зборуваше за интересни случки од нејзината кариера.

Холивувската глумица во интервјуто раскажа како Броснан, кој тогаш го глумеше тајниот агент 007, буквално ѝ го спасил животот за време на снимањето на сцена од филмот. Ова го опиша како една од најстрашните случки во нејзиниот живот.

„Требаше да бидам секси во обид да го заведам со смоква, но почнав да се гушам и тој мораше да стане и да ми направи Хајмлихов зафат. Тоа не беше нималку секси“, откри 53-годишната актерка.

Хајмлиховиот зафат е постапка за прва помош со што се прави силен, ненадеен притисок врз дтомакот, помеѓу папокот и ребрата. Со овој зафат се крева притискот во градниот кош на лицето што се гуши откако му застанало парче храна или некој предмет во душникот.

„Пирс беше тука за мене, тој секогаш ќе биде еден од моите најмили луѓе во светот“, додала Бери.

Текстот Пирс Броснан ја спасил Хали Бери од гушење додека снимале секси сцена е превземен од Reporter.mk.