Ричард Гир стана татко на 70 години

Холивудската ѕвезда Ричард Гир стана татко на 70 години. Ова е негов втор син со сопругата Алехандра Силва. Таа бебето го родила во тајност, а никој и не знаел дека е бремена, пишуваат медиумите. Во моментов Ричард и Алехандра со децата се на нивниот ранч во Понд Риџ, во близина на Њујорк.

Двојката веќе го има синот Александар, кој се роди во февруари 2018 година.

Ричард (70) и Алехандра (37) се венчаа во април 2018 година, на ранчот на Гир. Двајцата веќе имаат деца од претходните бракови. Гир го има 20-годишниот син Хомер од бракот со Кери Ловел, а Алехандра е мајка на 7-годишниот Алберт, кој го роди во бракот со бизнисменот Говинд Фридленд.

 

 

Текстот Ричард Гир стана татко на 70 години е превземен од Reporter.mk.