Хрватската пејачка Ана Бебиќ, која стана популарна со учеството во музичкото шоу „Операција триумф“, стана мајка. Таа роди син. Мајка и бебето се чувствуваат добро, а породувањето минало во најдобар ред.
„Раѓањето помина супер брзо, за што морам да им се заблагодарам на сите во породилиштето. Со оглед на тоа дека сум породенена во времето на епидемијата, морам да признаам дека во ниту еден момент не се чувствував исто, но сите ме натераа да се чувствувам пријатно и безбедно,“ рекла Ана за „Телеграф“.
Таа пред породувањето, во едно интервју, изјави дека е исплашена и дека не знае дали сè ќе биде во ред со неа и бебето заради короната.
Инаку, ова е втор син на Бебиќ. Таа, и нејзиниот сопруг Иван, во мај 2018 година го добија синот Матија.
Текстот Ана Бебиќ стана мајка е превземен од Reporter.mk.