Откако пејачката Неда Украден, рекла дека државата треба да им помогне на оние без редовни примања, мислејќи и на себе, реагирал Аца Лукас. Тој рекол дак во нормални услови музичарите се тие кои заработуваат многу повеќе од другите и дека тие не треба да бараат никаква помош.
„Мислам дека во оваа ситуација тоа не е потребно и не би требало. Има многу позагрозени луѓе. Ние во нормални околности заработуваме многу подобро од некој друг. Заради тоа не би требало да бараме такво нешто и да бидеме на тој список за помош, туку ние да сме тие кои пружаат помош“, рекол Лукас за српските медиуми.
Тој додал : Познавајќи и ја кариерата, на Неда, низ годините, а и нејзината финансиска состојба би било логично да се очекува Неда да се понуди да помогне, а не да бара помош, додал Лукас.
Текстот Неда добро заработува, како може да бара пари од државата: Аца Лукас ја искара пејачката е превземен од Reporter.mk.