„Излезе од дома и се ожени со Анџелина “- свршеницата на Били Боб Торнтон раскажа за нивната разделба

Една од најпопуларните актерки Анџелина Џоли уште од самите почетоци привлекувала посебно внимание на медиумите, како поради приватниот живот така и поради несекојдневната убавина.

Нејзините врски секогаш се главна тема во медиумите, а можеби причината за тоа е што таа била во врски и со мажи и со жени, се мажела трипати, а покрај нејзината бурна врска и брак со Бред Пит, до денес најконтроверзна остана нејзината љубов со актерот Били Боб Торнтон.

Тие се венчаа во Лас Вегас на 5 мај 2000 година, само два месеца откако ја почнале врската, а она што е интересно во приказната  и за кое се зборувало во Холивуд е тоа што Били Боб бил свршен со друга жена.

Анџелина и Били Боб се запознале на сет на филмот „Сѐ е под контрола“, додека Џоли била во врска со актерот Тимоти Хатон, а Били Боб бил свршен со актерката Лора Дерн, која оваа година доби  Оскар.

Како што пишувале американските медиуми и како што самата Џоли признала, Лора била шокирана од веста дека нејзиниот свршеник Били Боб се оженил со помладата колешка , а не се ни  потрудил да раскине со неа.

– Заминав од нашата куќа да работам на филм, додека не бев дома моето момче се ожени и никогаш повеќе не се слушнавме – открила во едно интервју Лора Дерн, пишува „Glossy“.

– Тоа е како ненадејна смрт. За никого немаше ниту крај ниту објаснување – додала Лора.

Били Боб Торнтон се осврнал на ова  во 2001 година, во разговорот за „Гардијан“.

– Други би можеле да речат: „Ја остави девојката и ожени некоја друга“. Но, тоа мене ме усреќи и усреќи некој друг. Жал ми е што предизвика болка – рекол Били Боб.

Анџелина и Били Боб во 2002 година најавија дека ќе посвојоат  дете од Камбоџа, но се разделија три месеци подоцна. Анџелина тогаш рече дека одеднаш сфатиле дека и двајцата се промениле, а актерот во една пригода рекол дека секогаш имал чувство дека не е доволно добар за својата сопруга

Текстот „Излезе од дома и се ожени со Анџелина “- свршеницата на Били Боб Торнтон раскажа за нивната разделба е превземен од Reporter.mk.