Глумецот Идрис Елба наиде на голем број критики од фановите, затоа што се тестирал предвреме иако ги немал симптомите на коронавирус. Фановите го нападнаа и по неговата последна изјава за за „Асошиетед Прес“, пишувајќи му дека почнал да паметува во погрешен момент.
„Сите ние се носиме на свој начин, но дефинитивно ова беше целосен пресврт. Мислам дека светот секоја година треба да помине недела дена во карантин, само за да се сети на ова време. Сетете се едни на други. Тоа го прават и другите видови и тоа се нарекува хибернација. Не потсетува дека светот не зависи само од нас“, изјавил Елба за „Асошиетед Прес“.
Елба беше еден од првите глумци од светот на Холивуд, кои им открија на своите обожаватели дека се заразени со коронавирусот. Тој од карантин, редовно ги информираше фановите во друштво на својата сопруга Сабрина. Пандемијата ги затекна во Ново Мексико, каде Елба снимаше проект, но поради затворените граници се пожали дека го пропуштиле роденденот на својот син.
Текстот Идрис Елба ги налути фановите затоа што се тестирал на коронавирус е превземен од Reporter.mk.