Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу тајно се омажи за продуцентот Бред Фалчак. Свадбата се одржа во куќата на актерката во Хамптонс, Лонг Ајленд, пренесува „Дејли мејл“. Меѓу малкуте гостите на настанот беа Роберт Дауни Џуниор, Џери Сејнфелд и Стивен Спилберг. Иако поканет, на венчавката не дојде Крис Мартин, поранешниот маж на Гвинет, со кого и глумицата, но и продуцентот се дружат често.
46-годишната Гвинет и продуцентот на „Убиството на Џани Версаче“ беа во врска четири години. Тие се верија минатата година. Ова е втор брак и за двајцата. Гвинет и Бред се запознаа во 2014 година, кога Палтроу имаше епизодна улога во серијата Mercy Club, чиј продуцент беше Фалчак. Истата година, претходно, глумицата се раздели со фронтменот на „Колдплеј“, Мартин, за кого беше мажена 10 години и со кого има две деца, 14-годишната Епл и 12-годишниот Моузес. И Бред има две деца, Броди и Изабела, од поранешната сопруга Сузан со која се разведе во 2013 година.
Текстот Се омажи Гвинет Палтроу е превземен од Reporter.mk.