Модната икона од светот на фудбалот, Дејвид Бекам, веќе повеќе од две децении го копира имиџот на поранешната хрватска фудбалска легенда Ѕвонимир Бобан. Мајсторите од Joe.co.uk забележале дека сите типови на фризури кои ги имал поранешниот фудбалер на Милан, подоцна ги копирал и англискиот репрезентативец.
Тие и направиле фотографии од нив двајцата со истите фризури како доказ.
Бобан е седум години постар од Бекам. Додека Бекам уште ги почнуваше своите први фудбалски предизвици, Бобан со Милан ги освојуваше Лига на Шампиони, Серија А и го освојуваше фудбалскиот свет.
Бобан беше и подобар фудбалер. Бекам нема освоено толку трофеи како поранешниот капитен на „коцкастите“, ниту некогаш стоел на некои од трите места на Светското првенство како тоа што го направи Бобан во 1998 година.
Бекам се селел од Манчестер Јунајтед, преку Реал Мадрид, Милан и Лос Анџелес до ПСЖ. Бобан од Динамо замина во Милан и таму испиша една деценија колосален неповторлив успех. Англичанецот можеби има само подобар центаршут со десната нога, сметаат фудбалските експерти.
Текстот (Фото) Бекам целиот живот му го крадел имиџот на Ѕвонимир Бобан е превземен од Reporter.mk.