Месечен хороскоп за октомври

Овен

Други луѓе и многу обврски поврзани со нив ве очекуваат во текот на овој месец. Оние со деца, ќе се занимаваат со нивните потреби. За останатите со знак или подзнак во овен, ова е месец на љубов и романтични, ама и конкретни љубовни настани, посебно околу 10 октомври, како и на 24 и 25 октомври. Ќе се појават и некои непредвидливи ситуации, а поврзани со учење или пат во странство. Ќе вложувате дополнителна енергија на тоа поле за да расчистите некакви лаги или недоразбирања, загубени документи, и слично.

Бик

Активно ви е полето на партнерство и љубов, па искористете ги позитивните вибрации на ѕвездите. Сепак, внимателно во деновите околу 9 и 13 октомври, кога е можно да се најдете во некаква кавга која ќе искрсне од недоразбирање или поради лага искажана без намера да ве навредат. Посебно убав ден ќе ви е 21 октомври, кога е можно да се случи некакво зацврстување на односите со партнерот. Во најмала рака, ако односот бил избувлив, ќе се среди. Крајот на месецот ќе ве дочека во зголемени обврски на работа или по дома.

Близнаци

На 13 октомври ќе вложите поголема енергија да ги задржите односите со околината хармонични, или да ги намалите нервозните ситуации поради други луѓе. Бидете внимателни во сите контакти, бидејќи не сакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, посебно во деновите околу 13 и 22 октомври. Лесно ќе дојдете до пари овој месец, односно парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа што ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврските дома, посебно во првата половина од месецот.

Рак

Пари, љубов, забава, контакти со многумина, за работа или за дружење – тоа ќе се клучните интереси за вас во текот на месец октомври. Кон крајот на месецот ќе се чувствувате заморени од сите обврски, кои можно е дури и да се зголемат. Ќе се чувствувате како притиснати или „заробени“ од сè она што треба да се стори во текот на денот, па ќе се обидете да избегате или да ги заборавите обврските преку зачестена комуникација со пријателите и роднините на некои весели теми.

Лав

Парите се вашиот единствен интерес овој месец. Неколку пати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари. Во деновите околу 13 октомври ве очекуваат дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања. Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања, но не само заради забава, туку и заради завршување на бројни активности. Љубовта ви е стабилна во овој период.

Девица

Овој месец ве очекува исполнување на желбите, стабилизација, добри односи со околината и слично. Со парите ќе ви оди лесно, неколкупати ќе имате можност за дополнителна заработувачка, но ќе доживеете и спротивставување за некоја сума: некој ќе си го побара својот дел од сето тоа, посебно во деновите околу 9 и 13 октомври. За љубов, 10 октомври е ден кога ќе треба да се справите со некоја лага, или ќе решавате недоразбирање со партнерот.

Вага

Од 2 до 27 октомври, ќе бидете позборлести од вообичаено. Сепак, внимавајте на договорите, преговорите или потпишувањата, бидејќи постои можност да не ви се познати сите детали. Во деновите околу 13 октомври некој ќе ве повлече да донесете одлука или да преземете активност што не ви била планирана. Што се однесува до љубовниот живот, комуникацијата со партнерот ќе е поактивна од претходно. Можно е вашиот партнер да има потреба што треба да биде завршена со ваша помош, па време е да се вклучите.

Скорпија

Полека но сигурно фокусот на вашите мисли се префрла од работата на забави, дружења, пријатели и сè што е поврзано со големи здруженија. Ако барате работа, ќе најдете во голема или државна фирма, или, пак, во некакво здружение. Ако не барате работа, сепак, може да се вклучите во активности во кои ќе сте потребни како дел од екипа. Од љубовните настани, можни се викенди крај вода, романтични вечери, или мешање на другарство и љубов. Како и да е, овој месец нема да бидете сами, ниту осамени.

Стрелец

Не откажувајте се месецов. Размислувајте брзо, но точно и успехот нема да изостане. Сепак, во октомври повеќе ќе сакате да се посветите на емоциите. Ве очекува многу страст и љубов. Ако сте сами, статусот може многу бргу да се смени. Вие што веќе сте во заедница, можно е да се израдувате на вестите за проширување на семејството. Иако физичкиот нагон ќе биде доминантен, сепак тоа сосема ќе ви ја врати насмевката на лицето и вербата во живот

Јарец

Она што стагнирало од август до сега, она за што не сте наоѓале доволно храброст или енергија да го завршите, а зависело од вас, сега е време да го завршите. Овој пат ќе знаете како и што треба да се стори, ќе најдете и енергија, и време, и сè што треба за да ги истуркате работите кон позитивен исход. Туѓи пари ќе ви се на располагање, а тоа значи ќе наплатите заостанат долг или ќе земете позајмица. Комуникација со некој во странство или преку интернет ќе ви донесе некакво олеснување, можеби и решение на некој ваш проблем.

Водолија

Нагласени ви се партнерските и пријателските односи, како и туѓи пари. Ќе добиете дополнителна сума пари, но ќе треба да се потрудите и сами да стигнете до неа. Посебно нагласени датуми за такво нешто се 18 и 25 октомври. Во контактот со пријателите ќе треба да покажете дипломатија, бидејќи ова е период кога вашите пријатели ќе ви ги прераскажуваат своите нервозни ситуации. Ако можете да помогнете со совет, добро, но ако не можете со совет, не нудете пари за да се заврши нечија работа, бидејќи ќе останете без таа сума.

Риби

Месецот вклучете ги вашите одлични преговарачки способности, бидејќи ќе ви донесат успех. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети на професионален план и доколку барате нова работа. Со самото тоа и финансиите значително ќе ви се подобрат. А октомври убави денови носи и на љубовно поле. Несогласувањата од минатиот месец конечно ќе се решат, па ќе уживате во друштвото на партнерот.

Текстот Месечен хороскоп за октомври е превземен од Reporter.mk.