Надин Гонкалвеш (52), мајката на Нејмар, му раскина на 23-годишниот модел Тијаго Рамос, откако дозна дека е бисексуалец. Откако Надин на социјалните мрежи објави слика со 30 години помладиот дечко, медиумите открија дека тој претходно имал врски и со мажи.
Меѓу нив бил и семејниот готвач Мауро. Тијаго се гледал со готвачот пред да ја почне врската со мајката на Нејмар, а претходно бил во врска и со бразилскиот актер Карлињос Маио.
Надин, која од 2016 година се разведе од таткото на Нејмар, неодамна се пофали дека има нов дечко, помлад од нејзиниот славен син. Нејмар, пак, ја поддржа и на сликата што таа ја објави на „Инстаграм“ и напиша дека е среќен што таа повторно нашла љубов.
Текстот Мајката на Нејмар го откачи дечкото затоа што е бисексуалец е превземен од Reporter.mk.