Викторија Бекам ги намали платите на вработените и навлече гнев во Британија

Викторија Бекам доби остри критики откако се дозна дека побарала помош за својата модна компанија од владиниот фонд наменет за претпријатијата.

Таа известила 30 работници дека ќе им ги намали платите согласно процедурата на владата на Велика Британија, со цел санирање на последиците. Викторија со тоа навлече бес и незадоволство во јавноста.

Таа заедно со својот сопруг, Дејвид Бекам имаат вреден најмалку 380 милиони евра, а Викторија има колекција на торби во вредност од 1,7 милиони евра.

Британските медиуми, пак, пишуваат дека трговијата на Бекам не е намалена, туку оти нејзината фирма во последните неколку години трпи загуби.

Текстот Викторија Бекам ги намали платите на вработените и навлече гнев во Британија е превземен од Reporter.mk.