Првиот воз во Европа погонуван на батерии, го започна своето патување од Берлин кон југозападот на Германија. Иако концептот е познат повеќе од 60 години, овојпат тој е повторно популаризиран од страна на канадската компанија Bombardier, преку верзијата на електричен – хибриден воз – Bombardier Talent 3. Овој модел е развиен со средства од 4 милиони УСД обезбедени од страна на германската влада. Возовите користат различни комбинации на мотори и батерии. Првично, верзијата која е пуштена на тест возење има опсег од 40 километри со едно полнење, но идните верзии ќе бидат со домет од 100 километри. Времетраењето на тест периодот ќе биде 12 месеци, и се спроведува од страна на Deutsche Bahn (DB) во југозападна Германија.
Текстот Пробно возење за првиот воз на батерии во Германија е превземен од USB.mk.