Податоците како Тони Кукоќ порасна откако Чикаго Булс го земаа кај себе, како беше дочекан од Џордан и Пипен, зошто тој реши да замине во „Бенетон“, се речиси познати за секого. Познато е и дека Кукоч пред професионално да се занимава со кошарка, тренирал фудбал и тенис. Бил виден на плажите во Сплит од тренерот Игор Карковиќ.
Ова се податоци кои им се познати на сите љубители на кошарката. Баш како и тоа што следувале потоа, кога Кукоч стана најдобар европски кошаркар. Но, како заврши точно во Чикаго Булс и колку долго го следеле пред драфтот, е податок кој по смртта на легендарниот генерален менаџер Џери Краус, веројатно засекогаш ќе останат непознати.
Она што е познато е дека Булси го снимале Кукоч долго време пред да го драфтуваат и многу време пред еден друг кошаркар од Сплит, негов соиграч од „Југопластика“, Ивица Дукан, да стане негов скаут за Европа во 1991 година, кога замина во кошаркарска пензија.
Дукан одигра важна улога во одлуката на Кукоч да се пресели во Чикаго. Тој процес траел три години, без разлика на упорното наговарање на Краус кој во старт знаел за каков играч станува збор.
Наводно Краус бил импресиониран од сјајното издание на Кукоч на светското јуниорско првенство во италијанскиот Бормио.
Во август 1987 година, Југославија двапати славеше против САД, а Кукоч беше брилијантен со 11 тројки од 12 обиди и речиси самиот ја потопи селекцијата предводена од Гери Пејтон, Лери Џонс и легендарниот тренер Лери Браун.
Кукоч подоцна освои четири првенства, два купа, три купа на европски првак со „Југопластика“. За него слушна целиот свет. Но и покрај сè, одлуката да се пресели во Чикаго никако да созрее во него.
По првите две епизоди од документарниот филм The Last Dance, широката јавност се запозна со архитектот на моќните Булси, генералниот менаџер Џери Краус и сопственикот Џери Реинсдорф, но малку е познато дека двајцата на есен 1990 година, допатувале во Сплит за да се запознаат со Тони и неговото семејство. Тие го посетиле клубот каде Куко пораснал и се обиделе да го наговорат да ја прифатат понудата и Тони да го пуштат во НБА лигата.
„Стигнаа со приватен авион од Рим. Во Сплит беа само два дена, но што работеа не ми е познато. Претседателот на клубот Игор Катунариќ и јас ги однесовме во ресторан Опатија на вечера, разговаравме се разбира за Тони и неговите планови, како и за плановите на клубот, но ништо конкретно тогаш не се договоривме, затоа што никој не ги знаеше плановите на Тони поврзани со НБА“, открил тогашниот директор на „Југопластика“, Јосип Билиќ.
За да целата приказна се смести во контекст на времето, треба да се нагласи дека двоецот челници на Булс и Сплит стигна дури откако „Југопластика“ предводена од Тони Кукоч го освои својот втор шампионски пехар во Европа и на два „Мекдоналдс“ турнири, успешно се носеше против Денвер Нагетс и Њујорк Никс.
Особено беше импресивен учинокот на Кукоч на вториот турнир против Барселона и Њујор, каде во просек постигна 20,5 коша, со осум скокови и 14,5 асистенции.
Кога на тоа ќе се додаде и вропското и светско злато кое го освои со репрезентацијата, јасно беше зошто челниците на Булс, сакаа да го донесат во Чикаго, особено Краус, кој околу Џордан и Пипен го составуваше шампионскиот тим.
Текстот Челници од Чикаго Булс со приватен авион дошле во Сплит по Тони Кукоч е превземен од Reporter.mk.