Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, призна дека неговата најголема грешка која ја направил е заминувањето во италијанскиот тим на Интер. Панчев во 1992 година беше еден од најбараните европски играчи.
„Мојата најголема грешка беше преселбата во Интер. Отидов во тим со многу лоша атмосфера, која игра дефанзивен фудбал. Како странски фудбалер, не бев поддржан и сите ме гледаа поинаку, па имав проблем да се прилагодам“, открива Панчев.
Неговата одлична игра во дресот на Црвена Ѕвезда го привлече вниманието на голем број големи фудбалски тимови како што се Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.
„Грешката е само моја затоа што можев да бирам помеѓу великани како што се Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед и други врвни екипи кои во тоа време ме бараа“, вели Панчев.
Панчев во Интер не се прослави и ги одигра најслабите години во кариерата. Еден од најдобрите голгетери во историјата на „црвено-белите“ во сезоната 1991/92 заврши на второто место во изборот за „Златна топка“, но успеа да ја освои „Златната копачка“ со 34 постигнати гола.
Панчев замина на 27 години и се задржа во Милано до 1995 година. Потоа една полусезона играше во Локомотив Лајпциг, за да се одлучи да замине во Фортуна Дизелдорф, со оглед на лошиот однос во Интер.
Текстот „Можев да бирам меѓу Реал Мадрид и Барса“, Панчев призна дека погрешил што заминал во Интер е превземен од Reporter.mk.