Астероид во форма на череп се доближува на Земјата

Астероид во форма на череп се приближува кон Земјата и се очекува да прелета до неа на 11 ноември. Астрономите на астероидот 2015 ТВ145, поради неговата форма првично му дадоа надимак „Голема тиква“.

За прв пат астероидот е забележан на 15 октомври 2015 година, само неколку дена пред „Ноќта на вештерките“ која се слави на 31 октомври. Во тој период асетроидот бил оддалечен само 499,000 километри од Земјата, а се движел со 125,500 километри на час. Овој пат се очекува ваквата далечина драстично да биде намалена.

„Патеката по која патува 2015 TB145 ни е добро позната. Се проценува дека астероидот има пречник од 700 метри, а иако делува голем, астероидот е толку мал што нема никакво гравитационо влијание на Месечината или Земјата“, изјавил Пол Чодас, директорот од Центарот за проучување на објектите во близина на Земјата.

„Откривме дека објектот рефлектира околу 6% светлина која ја добива од Сонцето“, изјавиле од Планетарниот научен институт во Таксон, во Аризона.

„Тој е сличен како свеж асвалт. И додека тука на Земјата на нас ни делува доста мрачно, тој е посветол од типична комета која рефлектира 3 до 5% од светлината. Тоа укажува дека има потекло од комета. Но, поради тоа што не може да се забележи гасната обвивка, може да се заклучи дека станува збор за мртва комета“, велат од институтот во Аризона.

Следниот пат кога овој Астероид ќе мине покрај Земјата ќе биде во Август 2027 година. Тогаш од Земјата ќе биде оддалечен 383.000 километри.

Астрономите велат дека нема опасност истиот да удри во Земјата, а доколку тоа би се случило, би уништил само некоја помала држава или би покренал големо цунами.

Текстот Астероид во форма на череп се доближува на Земјата е превземен од Reporter.mk.