Од среда жестока зима на Балканот

Во наредните три дена во Европа стигнува уште еден студен бран, а метеоролозите велат дека може да се очекува и првиот сериозен снег оваа сезона.

Студениот фронт кој стигнал од северот веќе ги зафатил Алпите, каде на врвовите се очекува снег. Особено заладување се очекува да се случи во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот на Франција и западниот Медитериан да биде уште постудено.

Вториот студен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.

Текстот Од среда жестока зима на Балканот е превземен од Reporter.mk.