Принцезата Дијана и ден-денес се смета за икона на стилот. Таа без ни малку сомнеж е една од најголемите икони на стилот, на чии модни комбинации и денес им се восхитуваат жените ширум светот.
Од нејзината раскошна венчаница од осумдесеттите, до модерните минималистички фустани во почетокот на деведесеттите, скоро сè што саканата принцеза носеше остана запаметено и сè уште се анализира и служи како инспирација.
И додека во центарот на тие анализи најчесто се нејзините избори за свечени пригоди, во уште едно подрачје беше скоро непогрешлива. Во моментите во кои не беше на должност исто така сложуваше комбинации кои и ден-денес со задоволство ги носиме, а на неа изгледаа фантастично.
Во тие лежерни пригоди, Дијана носеше бициклистички кратки пантолони, фармерки, кошули, трегери, мокасинки…
Парчињата кои таа ги носеше не се разликуваат многу од оние кои жените сакаат да ги носат и во 2020 година, а всушност воопшто и не се разликуваат.
Комбинациите на принцезата Дијана затоа можат да послужат како одличен извор на идеи за сложување на комбинации за сите љубители на лежерниот стил.
Многу парчиња кои таа ги носеше пред неколку децении веројатно веќе ги имате во плакарот.
Текстот Принцезата Дијана: пет лежерни изданија кој може да се копираат и оваа пролет е превземен од Reporter.mk.