Груоа германските лекари се соблекваа голи, а фотографиите го обиколија светот. Нивата порака е „Со месеци бараме помош, сакаме да покажеме колку многу сме ранливи“. Лекари се соблекоа голи за да укажат на недостатокот на заштитна опрема. Тие својот протест го нарекоа „Бланке Беденкен“, и велат дека се изложени на голем ризик од коронарен вирусот.
Еден од докторите, Рубен Бернау вели : „Голотијата симболизира колку сме ранливи без заштита“.
Wir sind Ihre Hausärztinnen und Hausärzte. Um Sie sicher behandeln zu können, brauchen wir Schutzausrüstung. Wenn uns das Wenige, was wir haben ausgeht, dann sehen wir so aus: https://t.co/PfxrY6GBil
— Blanke Bedenken (@BlankeBedenken) April 21, 2020
Лекарите позирале во нивните канцеларии, криејќи ги интимните делови од телото со хартијата, тоалетна хартија и блоковите на рецепти.
Кристијан Рахенвалд, исто така општ лекар, вели дека инспирацијата за овој протест потекнува од француски лекар, Ален Колумби, кој првпат беше фотографиран во неговата канцеларија од истите причини. „Зошто треба да ги шиеме маските? Зошто немаме доволно опрема? – прашуваат германските лекари, додавајќи дека сакаат да продолжат да ја извршуваат својата задача, но заштитени.
Текстот Германските лекари се соблекoa голи: Да покажаме колку сме ранливи е превземен од Reporter.mk.