Арнолд Шварценегер во изолација го прослави првиот роденден на неговиот миленик, магарето Лулу. Тој на „Твитер“ објави дека Лулу денес полни 1 година и сподели видео на кое ја храни со колачи.
„Денес Лулу може да јаде благо колку што сака“, напиша тој.
Милениците на Популарниот Терминатор предизвикуваат големо внимание во јавноста, оти глумецот често објавува слики и видеа со нив. Освен магарето Лулу, тој го има и понито Виски. Животните ги чува во неговиот дом во Лос Анџелес, а на видеата што ги споделува, се гледа дека тие се најчесто во кујната или во дневната соба од семејната куќа на Шварценегер.
We have a birthday today! Lulu turned 1. We celebrated by letting her fill herself up with goodies. pic.twitter.com/syFgHYGnXa
— Arnold (@Schwarzenegger) April 27, 2020
Текстот (Видео) Магарето на Шварценегер славеше роденден во карантин е превземен од Reporter.mk.