Борис Џонсон по петти пат стана татко

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница Кери Симонс објавија дека станале родители на здраво момче. Кери се породи рано утрово во болница во Лондон. Нивниот портпарол истакна дека ова е нивно прво заедничко дете и рече дека и мајката и бебето се во одлична состојба, пренесе британски „Сан“.

„Премиерот и г-ѓа Симонс се воодушевени со добивањето на синот“, рече тој, додавајќи дека и двајцата им се заблагодаруваат на одличниот медицински персонал во болницата.

Борис Џонсон од претходните бракови има уште четири деца.

Текстот Борис Џонсон по петти пат стана татко е превземен од Reporter.mk.